Јубилејното издание на СВП ќе се одбележи со бројни содржини
Подготовките за јубилејното изданиe на поетската манифестација Струшки вечери на поезијата се во завршна фаза, информира претседателот на Управниот одбор на поетската манифестација, Славе Ѓорго Димоски. Најголемата и најважната поетска манифестација во земјава во последните години добива нова концепција, а таков е случајот и со овогодишното издание. Се очекува да биде промовирана поштенска јубилејна марка, издавање на луксузна Монографија на македонски и англиски јазик, документарен филм посветен на 5-те децении од Струшки вечери на поезијата , како и одбележување на 150 години од излегувањето Зборникот на Браќата Миладиновци во Загреб. По објавувањето на името на Матеја Матески, годинешниот македонски лауреат на златниот венец на СВП, овој пат вниманието на манифестацијата ќе биде посветено на македонската поезија, вели Ѓорго Димоски.
Над стотина странски поети потврдиле учество на јубилејното 5 децениско издание на поетската манифестација Струшки вечери на поезијата, а до крајот на месец јуни се очекува таа бројка да биде 120 поети и исто толку домашни поети, нагласува Ѓорго Димоски. Најавено е присуството и на неколку добитници на Златниот венец на поезијата како што се Адонис, Ненси Морихон, Ференц Јухас, Иф Бонфуа,
Томаж Шаламунд. „Свеченото отварање на Струшките вечери на поезијата ќе биде посебно за прв пат синфониски ќе биде изведена Т га за југ со ансамбл од 60 хористи “, открива за ТВМ Славе Ѓорго Димоски.
Концепциски измени се најавуваат и во манифестацијата „Ноќи без интерпункција“, каде што ќе учествуваат поети од сите возрасти , а ќе се изведуваат покрај поетски и театарски, музички и други перформанси. Новитети се најавуваат и при доделување на наградата Браќа Миладиновци.
{loadposition content9}