Skip to main content

Пристигнуваат набљудувачите на изборите

Четириесет и седум набљудувачи од парламентарното Собрание на ОБСЕ денеска пристигнуваат во Македонија.

 |   | 
izbori
избори

fer izbori kampanjaЧетириесет и седум набљудувачи од парламентарното Собрание на ОБСЕ денеска пристигнуваат во Македонија.
Роберто Батели од Словенија ќе ја предводи меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ за изборите на 5-ти јуни, соопштуваат од организацијата. За Батели, ова ќе биде петти изборен процес што го набљудува во Македонија.
За следење на изборите досега се акредитирани и 7.341 домашни набљудувачи.
МВР, пак, вчера заврши со дистрибуцијата на недоверливиот гласачки материјал, кутии, паравани и слично до општинските изборни организации.  Во согласност со договорената агенда со ДИК, денеска ќе почне обезбедувањето на дистрибуцијата и на поголемиот дел од доверливиот гласачки материјал, односно транспортот на избирачките списоци и преземањето и пренесувањето на гласачките ливчиња од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола до сите 84 општински изборни комисии.

{loadposition content9}