Три медали за физичарите од „Јахја Кемал“
Младите физичари од приватното училиште „Јахја Кемал“ од Струга, нижат меѓународни успеси.
Од „I – sweep“ Олимпијадата која неодамна се одржа во Хјустон Тексас САД, неодамна се вратија со еден златен и два сребрени медали. Нивните проекти кои се однесуваа на изнаоѓање одржливи извори на енергија меѓу најдобрите на олимпијадата.
Меѓународен успех за малдите физичари од приватното училиште „Јахја Кемал“ од Струга. Во конкуренција од 720 ученици, 300 проекти, изработени од ученици на училишта од 72 земји од светот, од кои само 48 од САД, младите физичари од ова училиште се вратија дома со три медали. На „I – sweep“ Олимпијадата, која неодамна се одржа во Хјустон Тексас, а се однесува на изнаоѓање одржливи извори на енергија, тројцата македонски средношколци од ова приватно училиште, рамо до рамо со студентите од престижниот „Харвард“ универзитет, ги покажаа своите знаења од физика. Средношколецот Бранислав Стојков, кој на оваа олимпијада учествува втора година по ред, со проектот кој се однесува на прочистување на водата, се врати дома со златен медал.
Овој успех препознаен од еден престижен амеркинаски колеџ, од каде му е понудена четири годишна целосна стипендија на младиот Стојков. Неговите двајца сооученици, пак кои освоија сребрени медали, шест месеци работеа на проект поврзан со изнаоѓање начин за загревање на пластениците. Станува збор за метод кој во голема мерка ќе му помогне на македонското земјоделство, сметаат младите физичари.
Нивниот ментор кој веќе втора година по ред ги прати на оваа олимпијада, професорката Сабире Алкан, вели дека трудот кој веќе неколку години го вложуваат нејзините ученици конечно вроди со плод, а задоволството е дотолку поголемо бидејќи станува збор за резултати во огромна конкуренција, вели професорката Алкан.
Инаку приватното училиште „Јахја Кемал“, е отворено 1996-та година во Скопје со само 30 ученици, за да во 1999-та се отвори и во Гостивар, 2002-та на барање на насеелението, биде отворено и во Струга. Сопствениот систем на работа, извонредните услови за одржување на настава како и можностите кои ова училиште им ги пружа на своите ученици, се причина за успесите кои оваа образовна институција секоја година ги нижи. Нејзиниот директор Муса Тејку, истакна дека успехот на Олимпијадата, не е ни единствениот, а во никој случај последен за кој ќе слушнеме од ова училиште.
И во среднот и во неодамна отвореното основно училиште, предаваат професори од Турција и Македонија, кои своето образование го стекнале на некои од елитните турски универзитети. Наставата во средното училиште се одвива во целост на Англиски јазик, додека во основното на мајчин јазик. Покрај образовниот момент, важно е да се истакне социјалниот момент во кој може да уќиваат учениците од ова училиште, додека спортот и спортските активности се секојдневие на кое му се дава огромна важност, вели директорот Тејку. Во летниот период од ушилиштето се организира Homestay програма, преку која учениците од прва година имаат можност да престојуваат во семејства во Турција, каде од прва рака ќе учат за обичаите, културата и историјата на оваа земја.
{loadposition content9}