Skip to main content

Македонска екипа за прв пат ќе учествува на светски шампионат во змајарство

Македонска екипа од 15 до 30 јули ќе учествува на Светскиот натпревар во змајарство во Италија.  Државниот тим ќе го претставува македонската воздухопловна федерација и клубот за слободно летање од Охрид, а ќе се натпреварува со змаеви во класа 1.

 |  Татјана Маленкова  | 
zmaevi
змаеви

zmaeviМакедонска екипа од 15 до 30 јули ќе учествува на Светскиот натпревар во змајарство во Италија.  Државниот тим ќе го претставува македонската воздухопловна федерација и клубот за слободно летање од Охрид, а ќе се натпреварува со змаеви во класа 1.

Овие летала иако во главно се мешаат со параглајдери, истите сепак драстично се разликуваат во конструкција, перформанси и начинот на летање. Единствена заедничка точка на змејовите и параглајдерите се воздухот и местата за летање. „Опремата со која одиме е наша лично, а се состои од крило и систем на врски. Сето ова ќе го пренесуваме со автомобил“, истакнува Никола Баракоски член од македонскиот тим. Тој додава дека деновиве интензивно се подготвуваат кондиционо за натпреварите кои следуваа во склоп на првенството.

zmaevi„ Доаѓа светската елита секоја земја пушта свој тим кој с есотои од пет члена и капетан. За разлика од другите ние сме среќни што можеме да пратиме екипа составена од еден пилот и еден капетан. Може да се пофалиме дека ова е прв пат во историјата наша репрезентација да излегува на ваков голем натпревар. Тоа се најдобрите пилоти од светот . таму ќе биде најаката конкуренција“, вели Баракоски.

Баракоски додава дека генерално знаат  колкави се силите на Македонскиот тим и каде би можеле да се рангираме на светска листа. Во моментов Баракоски е на 200 место на светска листа.  30 места погоре на истата се искачи минстиот месец, на натпреварот во Италија.

 “Гледајќи ги другите натпреварувачи можам да кажам дека доста од нив се после мене. Очекувам да има добра резултат. Спонзорирани се и летаат нон стоп се во кондиција имаат  врвна опрема“, вели Баракоски.

 Инаку клубот за слободно летање од Охрид е единствен во државава. Досега има учествувано на многу интернационални натпревари за што целите трошоци се на терет на клубот. „Но тие се помали натпревари по три четири дена и можевме трошоците да ги ги покриеме сами. Овој пат светскиот натпревар ќе трае 15 дена, котизацијата само за еден пилот е 500 евра и во таа цена не се добива ништо. Целиот друг трошок околу транспорт сместување храна ќе треба ние да си го покриеме. За среќа дел од трошоците ги покрива агенцијата за спорт и млади, која ги плаќа коризациите за пилотот и капетанот. Останува уште трошокот за транспорт и сместување во Италија кој е отприлика изнесува околу 2000 евра и истиот мора да го покриеме со спонзорства“, вели Баракоски.

Тој се надева дека бизнисмените ќе покажат слух и финансиски ќе го помогнат македонскиот тим.

Инаку досега нашите пилоти земаа учество на разни меѓународни и домашни натпревари при што постигнаа одлични резултати. Најдобар пласман остварен во Бугарија во 2003 година и Турција 2004 година кога освоија прво место во поединечна и во екипна конкуренција. Изминативе четири години нашите пилоти учествуваа на натпревари од ФАИ 2 категорија во Словенија, Италија и Хрватска и во конкуренција од светски ранг постигнаа одлични резултати.

{loadposition content9}