Грците порачуваат: „Бакни ме насекаде“
Илјадници дефилираа синоќа низ улиците на Атина во знак на протест поради анти геј предрасудите. Шаренило низ улиците на градот и концерт со познати грчки ѕвезди – вчера по седми пат се одржа Атенс прајд, но прв пат под под покровителство на Атина и градоначалникот.![[„Бакни ме насекаде“ - геј парада во Атина] [„Бакни ме насекаде“ - геј парада во Атина]](https://tvmohrid.com/wp-content/uploads/2011/06/svet_2011_juni_athens_parade.jpg)
Хомосексуалци, лезбејки, трансвестити наидоа на неколку пречки од полицијата, но сепак успешно го изодеа планираниот марш, приклучувајќи им се пред парламентот на огорчените Грци.
Организаторите велат дека на парадата годинава и се придружиле 10 000 луѓе, двојно повеќе од лани.
„ Како поминува времето се повеќе луѓе се слободни“ изјави за АФП портпаролот Димитрис Тсампурис.
Слоганот на парадата годинава е „Бакни ме насекаде“. Портпаролот објасни дека го одбрале овој слоган зашто грчкиот Совет за радио и ТВ упорно ги казнувал медиумите кои ќе прикажат бакнување на луѓе од ист пол.
Освен од градоначалникот, парадата доби поддршка и од неколку политички партии.
{loadposition content9}