Skip to main content

Силвио не може без „бунга-бунга“

Силвио Берлускони, и покрај тоа што се наоѓа на суд поради плаќање на малолетничка за сексуални услуги, и понатаму не се откажува од “бунга – бунга“ забавите.

 |   | 
Berlusconi
Берлускони


Дека Берлускони ги преместил своите забави во вилата Генето, потврдено е од темелните снимки и телефонските повици за истрагата поврзана со сосема друг случај, поврзана со затајувањето на данок за кој е осомничен шефот на тимот на Формула 1, Флавио Бриаторе.

Тие снимки, како и другите досега, излегоа во јавност а ги објавија италијанските весници, а се работи за разговорите на Бријаторе со неговите пријатели.

Адвокатот на Берлускони, Николо Гедини во име на својот клиент ги отфрли најновите наводи како неосновани. Тој изјавил дека Берлускони во вилата Гернето одржувал само важни политички состаноци.

{loadposition content9}