Skip to main content

Познати сите учесници на ракометното ЕП во Србија

Со одигрувањето на натпреварите од последното 6.коло во текот на изминатиот викенд беше комплетиран списокот на учесници на Европското првенство за ракометари кое во јануари идната година ќе се одржи во Србија.

 |  Маја Савиќ  | 
EP 2012
EP 2012
Покрај домаќинот Србија и актуелниот европски шампион Франција, на првеството во 2012 ќе учествуваат двете првопласирани селекции од седумте квалификациски групи, а тоа се: Унгарија, Македонија, Хрватска, Шпанија, Полска, Словенија, Шведска, Словачка, Германија, Исланд, Норвешка, Чешка, Данска и Русија.

Резултати од 6.коло и табели по групи:

Група „1“: Македонија – Босна и Херцеговина 25:19, Унгарија – Естонија 34:27.
Табела: Унгарија 12 бодови, Македонија 7, Естонија 4 и БиХ 1.

Група „2“: Хрватска – Литванија 34:26, Шпанија – Романија 36:23.
Табела: Хрватска 12 бодови, Шпанија 8, Литванија 4 и Романија 0.

Група „3“: Полска – Португалија 30:22, Словенија – Украина 43:32.
Табела: Полска 9 бодови, Словенија 8, Португалија 5 и Украина 2.

Група „4“: Словачка – Црна Гора 36:21 и Шведска – Израел 28:17.
Табела: Шведска 10 бодови, Словачка 10, Црна Гора 2 и Израел 2.

Група „5“: Германија – Летонија 33:22 и Исланд – Австрија 44:29.
Табела: Германија 10 бодови, Исланд 8, Австрија 7 и Летонија 0.

Група „6“: Чешка – Холандија 38:26 и Норвешка – Грција 31:25.
Табела: Норвешка 10 бодови, Чешка 8, Грција 5 и Холандија 1.

Група „7“: Данска – Швајцарија 34:29 и Русија – Белорусија 35:27.
Табела: Данска 10 бодови, Русија 10, Белорусија 4 и Швајцарија 0.

{loadposition content9}