ОН усвои историска резолуција за правата на хомосексуалците

Резолуцијата, која беше предложена од Jужноафриканската Република, е усвоена со 23 гласа „за“, 19 „против“ и три „воздржани“.
Оваа Резолуција, која предизвика бурни дебати, е оценета како историска од причина што за прв пат едно тело на ОН усвојува официјален документ за правата на хомосексуалците.
Во документот се нагласува дека „сите човечки суштества се родени слободни и еднакви во однос на нивното достоинство и нивните права и сите треба да можат да уживаат во своите права и слободи без никакви ограничувања“.
Во Резолуцијата се повикува и на изработка на студија за утврдување на дискриминационите закони и појавите на насилство врз луѓето поради нивната сексуална ориентација и определба.
Според податоци на „Амнести Интернешнел“, хомосексуалноста и натаму се третира како казниво дело во 76 земји во светот.
{loadposition content9}