Закажување термин за биометриски лични документи преку интернет
Министерството за внатрешни работи ја пушта во употреба новата интернет страница која е попрегледна и нуди повеќе информации и услуги за корисниците.
| | Македонија
mvr
Министерството за внатрешни работи ја пушта во употреба новата интернет страница која е попрегледна и нуди повеќе информации и услуги за корисниците.
Најголемата новина е можноста граѓаните преку интернет страницата да стапат во контакт со повикувачкиот центар каде досега закажуваа термини за аплицирање за биометриски лични документи.
Преку притискање на полето означено како „Контакт-центар“, заинтересираните граѓаните имаат три опции и тоа: да закажат термин за аплицирање за вадење на личен документ, да побараат проверка на веќе закажаниот термин доколку го смениле телефонскиот број, не добиле порака или истата ја избришале и да проверат дали нивниот личен документ е изработен и дали може да го подигнат. Согласно динамиката на работење на повикувачкиот центар, предвидено е граѓаните најдоцна во рок од 48 часа да добијат одговор на овие барања.
Инаку, модернизирањето на интернет страницата, натамошното зголемување на транспарентноста во работењето и нудењето можност за аплицирање за термин за вадење на лични документи по електронски пат беше еден од проектите предвиден за реализација во текот на годинава.
{loadposition content9}