Skip to main content

Денеска конститутивна седница на Собранието на Македонија

Конститутивната седница на седмиот собраниски состав започна денес на пладне, на истекот на законски предвидениот рок.

 |  Маја Савиќ  | 
sobranie
собрание

sobranieКонститутивната седница на седмиот собраниски состав започна денес на пладне, на истекот на законски предвидениот рок. Ова е договорот од координативна средба на спикерот Трајко Вељаноски со претставници на политичките партии што влегоа во Парламентот и со најстариот пратеник Љубисав Иванов-Ѕинго, кој ќе ја води првата седница.
На конститутивната седница треба да се верификуваат мандатите на новоизбраните 123 пратеници и да биде избран новиот претседател на Собранието.
По верификувањето на мандатите, претседателот Иванов има рок од 10 дена да му го даде мандатот за составување на нова влада на претставник на победничката партија на изборите, што во овој случај е и досегашниот премиер Никола Груевски. Од денот кога ќе го добие мандатот, Груевски има рок од 20 дена да предложи владина програма и да состави кабинет.

{loadposition content9}