Skip to main content

ТАКСО проектот ги зближува граѓанските организации и локалните самоуправи

Колкава е транспарентноста на локалните самоуправи, со колкави средства ги финансираат граѓанските организации и колкаво е нивното учество во донесувањето на одлуки на локално ниво. Ова се трите теми на кои ќе се дискутира на конференцијата, која денес и утре се одржува во Охрид, а е во организација на Техничката поддршка за граѓанските организации-ТАКСО.

 |  Мишел Наумоски  | 
tacso
tacso

tacsoТехничката поддршка за граѓанските организации овојпат гради мостови помеѓу граѓанските организации и локалната самоуправа. На дводневната конференција, која започна денес, ќе се дискутираат неколку теми кои се од витално значење за правилно функционирање и на граѓанските организации и на локалните самоуправи. ТАКСО проектот се спроведува веќе 2 години, а со него се опфатени повеќе теми како, односи со јавноста за граѓански организации, како да се аплицира за европските фондови, соработка со владините институции и учество во донесувањето на одлуки. На оваа конференција ќе се дискутира за уште три клучни теми.

„Денеска и утре во Охрид се одржува конференција насочена кон соработката помеѓу граѓанските организации и локалната самоуправа. Сакавме да обезбедиме еден форум за меѓусебна расправа и дискусија околу клучни прашања како што се транспарентноста и отчетноста на локалната самоуправа, потоа фондови кои локалната ги одвојува за финансирање на граѓанските организации на локално ниво и процесите на учество во донесувањето на одлуки повторно на локално ниво од страна на граѓанските организации.“-вели Сунчица Саздовска-Советник на ТАКСО проектот

Саздовска додава дека една од најважните цели на ТАКСО проектот е да се обезбеди покриеност на граѓанските организации од целата држава, а не само од главниот град. Фокусот тие го ставаат на малите неразвиени средини.

„Нашата цел беше да ги запознаеме оние помалите локални организации со сите тие прашања коишто ќе бидат предизвик во иднина за нивното работење. На пример еве европските фондови. Сите зборуваат за ИПА фондовите, но колку во суштина знаеме како функционира тој инструмент и колку можат граѓанските организации да се најдат во тој дел, колку имаат капацитет да спроведуваат проект финансиран од Европската унија, тоа е прашање.“-додава Саздовска

Саздовска вели, „Тие капацитети мора да се градат, тие фондови од Европската унија бараат многу транспарентност, многу менаџирање, капацитети за финансиски менаџмент, а за сето тоа, треба време за да се изгради. Владата интензивно работи на изградба на тие капацитети во администрацијата, а нашиот проект е насочен кон градење на тие капацитети во граѓанскиот сектор.“

Проектот за поддршка на граѓанските организации е поддржан од Европската Унија, а основна цел е да ги поддржи граѓанските организации во јакнењето на нивните капацитети. Овој проект функционира веќе две години, а освен во Македонија, се спроведува во уште 7 други земји кои се кориснички на инструментот на предпристапна помош.

{loadposition content9}