Секси полицајки за успешна туристичка сезона
Властите на мексиканската држава Гвереро, позната по популарните летувалишта, ќе вработи атрактивни убавици кои ќе работат за локалната полиција.
Убавиците на возраст од 18 до 35 години, во блиска соработка со федералната полиција, воглавно ќе работат во хотелите во Акапулко на безбедноста на странските туристи.
“Покрај привлечниот изглед, девојките ќе мораат да имаат минимум средно образование и мора да зборуваат најмалку еден странски јазик”, објасни министерот за јавна безбедност.
Тој додава дека за “секси” полицајките ќе бидат изработени специјални униформи кои ќе бидат препознатливи.
Во туризмот во Мексико работат околу 6 милиони луѓе, а минатата година оваа гранка во економијата донела 12 милијарди долари во буџетот.
{loadposition content9}