Како се нашите во Пустец?
Жените членки на Унијата на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, прошетаа до Пустец, Албанија. Поводот за посетата беше хуманитарната акција на 15те месни комитети од струшкиот регион, кои донираа облека, постелнина и друго, за социјално загрозените семејства на македонците во Пустец. Ова е нивна прва хуманитарна акција надвор од земјава. Председателката на Унијата, Жанета Дишлиоска, импресионирана од дочекот кој им го приредиле македонците од Пустец. Додава дека сега знаат оти хуманитарната помош отишла во вистински раце.
Одлуката за посета на Пустец, бела спонтана и потекнала од добрата волја на Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ, вели Дишлиоска. Таа кажа дека идејата да ги посетат нашите во Албанија, да ги видат во какви услови живееле и како егзистираат, била одамна, но сега дошло до нејзина реализација.
Од Унијата очекуваат возвратна посета на семејства на македонците од Пустец на Струга, за која тие ќе ги организираат сите услови за сместување. Дишлиоска исто така потенцира дека вакви хуманитарни акции во Струга се прават најмалку 2-3 пати во месецот и сите тие се помогнати од пратеничката на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Лилјана Затуроска, која несебично се залага за помош на социјално најзагрозените семејства во општината од каде има најголема доверба.
{loadposition content9}