Дефект на водоснабдителниот систем
Стружани останаа без вода во своите домаќинства, скоро два дена. Проблемот настанал како последица на голем и непосакуван дефект на главната линија, поточно цефководот фи – 400. Причина за тоа е дотраеноста на постоечикит азбестен систем, изграден пред 50 години, вели првиот човек на МЈП „Проаква“ на подрачјето на општина Струга, Ваит Ајро. Тој жали што стружани се соочија со ваква комплицирана состојба во еден специфичен временски преиод на самиот почеток на туристичката сезона.
Ајро ја исклучува можноста причина за дефектот да биде човечки фактор како што се слушнаа гласини во струшката чаршија. Тој појаснува дека поради природата на дефектот кој се случил 5 метри под земја не постои место за такво размислување.
За дел од граѓаните на Струга, посебно за оние корисници кои ја злоупотребуваат и не ја плаќаат водата ова треба да биде добра лекција, што значи водата, вели Ајро. Според него на лице местото на дефектот се појавиле голем број сопственици на хотелско угостителски капацитети, дуќани, кои се интересирале до кога ќе немаат вода, а истите биле големи должници на ЈП. Па затоа директорот на МЈП „Проаква“ – Струга, апелира, совесно, рационално користење на водата како и навремено плаќање на сметката за вода. Тој исто така побара поголема ажурност на струшкиот суд, да постапи согласно законот и да реши преку илјада предмети кои години наназад се таложат таму и да ги обелоденат имињата на големите должници на претпријатието. И за крај она што ќе ја интересира струшката јавност, е дека има доволно количина вода за употреба, додава Ајро.
{loadposition content9}