Зошто принцезата плачеше?
Принцот Алберт овие денови ќе мора да оди на уште еден тест на утврдување на татковството, а Шарлин како сопруга ќе мора да му ја даде целосната поддршка.
Венчавката требаше до некаде да го отргне вниманието со бројните скандали кои ја потресоа врската меѓу Алберт и Шарлин. Според информациите на странските медиуми, од принцезата се бара да му даде целосна поддршка на Алберт при тестирањето на татковството, што и не е така лесна и едноставна задача.
Да се потсетиме, Алберт веќе има две вонбрачни деца од две различни жени. Децата имаат 6 и 19 години. Засега ќе прави тест за уште едно дете, а постојат можности да има барем уште едно дете за кое исто така ќе треба да прави тест.
Пред венчавката медиумите пишуваа дека Шарлин сака да избега кај своите родители, но не беше во можност бидејќи и беше одземен пасошот.
{loadposition content9}