Албански државјанин се обидел да силува 10- годишно девојче
Албански државјанин во атарот на струшкото село Враништа се обидел да силува 10- годишно девојче, информираат од СВР.
| | Струга
дете
Албански државјанин во атарот на струшкото село Враништа се обидел да силува 10- годишно девојче, информираат од МВР.
Имено, лицето И.Т.(29) од Либражд Албанија го следел 10- годишното девојче во месноста Црковни ливади кое одело накај својот дом. Во еден момент девојчето се завртело кон него и го прашала дали бара некого, на што тој на албански јазик и одговорил, потоа ја фатил за левата рака, го откопчал патентот од неговите пантолони и започнал да ја допира.
Девојчето почнало да плаче и да го моли да не и’ прави ништо, по што му побегнала и се упатила во правец кон селото, каде била пресретната од нејзини соселани, кои го фатиле извршителот.
Случајот е пријавен во полиција, а И.Т. е приведен и задржан во полициска станица.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

{loadposition content9}