Заедно против дискриминација
Примена на Законот за спречување и заштита од дискриминација, денес главна тема на разговор помеѓу струшката локална самоуправа, невладиниот сектор и останатите институции засегнати со оваа проблематика. Основна цел на дебатата беше борба против дискриминацијата како и изнаоѓање начин за почитување на законот. Раководителот на одделението за човечки ресурси Муним Бајрактар, вели дека во Локалната самоуправа нема дискриминација и во најмала доколку има индиции за тоа, навремено се реагира.
На оваа тема веќе подолго време работи и НВО „Езерка“, од Струга. Драгица Павлеска Попоска во име на својата организација, рече дека според досегашното нивно искуство, стекнато од работа на терен, имаат сознанија дека граѓаните малку ги познаваат механизмите на делување во Законот за дискриминација.
Проектот „Заедно против дискриминација“, се изведува во 12 општини во земјава. Од невладиниот сектор во Струга велат дека иако тешко се докажува дискриминацијата и многу малку луѓе поднеле барање за своите права точно заради тоа, тие на оваа проблематика во наредниов период ќе посветат посебно внимание и тоа ќе се состои во едукација врз населението. Најповеќе ќе делуваат во подигање на јавната свест кај работодавачите, кои јавно во своите огласи бараат млада девојка за извршување на работни активности во повеќе сфери на општествениот живот.
{loadposition content9}