Денес бакнете некого
Светскиот ден на бакнежот се прославува од 1988 година.
Во значењето на бакнежот се изречени многу нежни и мудри објаснувања. Бакнежот на двајца вљубени е во основата на творештвото на најголемите музичари, уметници но и на многу други научници.
Во светот постојат најразлични легенди за појавата на бакнежот. Според една, се вели дека бакнежот го измислиле средновековните витези, кои на тој начин испитувале дали нивните домаќинки пиеле вино. Според друга легенда, бакнежот доаѓа од врската помеѓу мајката и детето. Не се малку и оние кои веруваат дека бакнежот од уста во уста е изум од мајмуните.
Корисни работи од бакнежот…
Страсниот бакнеж го зголемува пулсот за 100 пати повеќе во минута. Бакнежот го зголемува нивото на хормони во крвта и може да го продолжи животот за една минута. При страстен бакнеж се губат 6.4 калории за една минута. Бакнежот ја нормализира киселината во устата, смирува нервниот систем и го спречува стресот.
Опасни…
Со бакнеж се пренесуваат херпес, хепатитис А и В и други заразни болести. Што се однесува до стотиците различни бактерии – за среќа 95% од нив не се опасни.
{loadposition content9}