Skip to main content

Летна школа за соло пеење

Домот на Културата во Струга и годинава ширум ги отвори своите порти за соло пеачите. Традиционално и годинава по четврти пат се одржува семинарот за соло пеење, единствен од ваков карактер во земјва. Круна на семинарот е концертот закажан за 08 јули во 21 часот во домот.

 |  Билјана Николоска  | 
solo peenje
соло пеење

Соло пеачи од земјава и надвор од неа, во Струга. Тие една седмица учествуваат на семинарот по соло пеење, кој годинава се одржува по четврти пат. Професор Марија Муратовска Наумова, вели дека интересот за овој семинар од година во година е се поголем, бидејќи семинарот овозможува високостручно оспособување за оние кои имаат афинитет кон соло пеењето.

solo peenjeНаумова вели дека трошокот за учество на семинарот соло пеачите сами си го подмируваат, а од нивна страна континуирано се правеле напори да обезбедат дел од средствата, но засега ништо од тоа. Таа вели дека максимално се вложува на секој поединец без разлика дали е почетник или има некакво музичко образование. Наумова категорична дека постои само еден предуслов за учество на семинарот, желбата за пеење.

Децата учесници на семинарот, задоволни од она што го стекнуваат и учат. Тие со посебни импресии зборуваа за талентот на нивната професорка од која очигледно сите се задоволни.

solo peenjeСработеното, соло пеачите ќе го покажат в петок на 08 јули во 21 часот, за кога е најавен концертот кој ќе се одржи во Домот на Културата во Струга. Исто така за таа вечер има посебно изненадување за кое организаторите не ги открија деталите. Веруваме дека тоа ќе биде пријатно, бидејќи она што ние го затекнавме на пробата зборува повеќе од се.



{loadposition content9}