Skip to main content

И ти можеш да бидеш Џејмс Бонд на еден ден

Вие можеби ќе смислите една добра идеа како да заработите пари, менаџерите во големите туристички центри  ќе смислат 1001 начин како да ви направат ќејф и да ви ги земат.

 |  Маја Савиќ  | 
James Bond
james Bond

W hotel resort QatarЛуксузниот катарски хотел “W” на своите гости им нуди да се чуствуваат како тајниот агент Џејмс Бонд, за „само“ 8000 долари на ден.

За тие пари, хотелот на “тајниот агент“ ќе му организира пречек на аеродромот во Доха со Астон Мартин.

Гостинот ќе добиe часовник Омега, ист како оној што го носеше Бонд во филмот “Casino Royale“. 

За престојот да биде поинтересен и да наликува на франшизата за британскиот агент, по пристигнувањето во хотелот клиентот ќе добие и кодирана порака, со која му се објаснува “мисијата“.

Omega 007Ќе биде сместен во “Мистер Бонд“, најлуксузниот апартман во хотелот, каде за добредојде ќе го чека шише од најскапиот шампањ.

За подобро да се зафилма и целата мисија да биде поавтентична, сиот персонал во хотелот ќе му се обраќа со “господине Бонд“.

Мистер Бонд добива и луксузна вечера од хотелот, каде може да ја донесе и својата “Бонд девојка“.

Aston Martin Casino royale

{loadposition content9}