Skip to main content

На кафе и локум во Битола

Во рамките на Битолско културно лето „Бит фест“ денес почнува петтото издание на „Локум фест“.

 |   | 
lokum
локум
Фестивалот е основан во 2007 година а своето име го добил по еснафскиот обичај, со кафе и локум да се почести комшијата, пријателот, добронамерникот што, пак, е симбол на отвореноста и интеркултурноста на старата чаршија во Битола, а истовремено ја слави традицијата, убавината на везовите и резбите, како и чалгиската песна.

На годинашното издание на „Локум фест“ на соодветни штандови ќе учествуваат ракотворци од целата земја, претставници од занаетчиската комора на Битола, ЗУР „Македонски ракотворци“, како и Бизнис-инкубаторот со младите претприемачи.


{loadposition content9}