Хокејот на трева зема се поголем замав во Македонија
Во овој спорт Охрид го представуваат две екипи. Исто така се најавува формирање на Хокеарска федерација на Македонија.
hokej na treva
Во овој спорт Охрид го представуваат две екипи. Исто така се најавува формирање на Хокеарска федерација на Македонија.
До пред неколку години хокејот на трева беше анонимен спорт во нашиот регион. но откако холандската амбасада пред две години покрена иницијатива за формирање на хокеарски тим во Охрид од тогаш овој спор цвета. Следно што се најавува е формирање на хокеарска федерација на Македонија како и македонска мини лига за која се потребни минимум 5 екипи. Со оглед на тоа дека во нашава земја за две години се оформија дури 6 хокеарски школи може да се очекува дека од следната година Македонија ќе добие хокеарска мини лига. Во оваа лига по една екипа ќе имаат Скопје, Гевгелија, Прилеп и Струга а додека Охрид ќе учествува со 2 екипи.
Охридскиот Стик 2007 е првиот хокеарски тим во Македонија а во своето 2 годишно постоење веќе има учествувано на повеќе меѓународни турнири и има остварено солидни резултати. Исто така оваа екипа е најголемиот иницијатор за формирање на македонската мини лига како и на хокеарската федерација.
Иако овој спорт навидум изгледа опасен и несигурен за играчите од клубот не уверуваат на спротивното.
Клубот стик 2007 е отворен за нови членови и ги повикуваат љубителите на овој спорт да се приклучат на клубот во спортската сала на училиштето Христо Узунов секој петок сабота и недела за време на тренинзите.