Skip to main content

Иванов се сретна со младите лидери во Охрид

Младите лидери по втор пат во Охрид. Тие денеска пред претседателот на Р. Македонија Ѓорге Иванов ги презентираа искуствата од изборите. Целта на средбата беше да се даде заедничка оценка за начинот на кој беа спроведени изборите.

 |  Билјана Николоска  | 
Ivanov
Иванов

Претседателот на Р. Македонија Ѓорѓе Иванов оствари средба со лидерите на младинските организации на политичките партии. Ова е втора по ред средба од ваков карактер, со цел Иванов да ги слушне младите, како би се извлекла заедничка оценка за начинот на кој беа спроведени предвремените парламентарни избори. Иницијативата за оваа средба потекна уште од првиот разговор во пресрет на изборите, кога Иванов ги повика младите лидери да го развиваат политичкиот дијалог како и да придонесат за спроведување на фер, демократски и мирни избори, без насилство и инциденти. Младите лидери отворено проговорија пред претседателот за своите искуства од текот на изборната кампања, предизвиците од нивното теренско работење како и нивниот општ впечаток. Претседателот Иванов изјави-

sredba„Во демократијата изборите доаѓаат и поминуваат, и тие ги легитимираат оние кои ја преземаат одговорноста за државата. Сите ние треба да учествуваме во афирмирање и промовирање на Република Македонија како држава во која живеат и дејствуваат квалитетни, талентирани и кадарни млади луѓе, кои поседуваат голем капацитет и потенцијал и кои се спремни да ја преземат одговорноста за иднината на својата татковина во свои раце со практикување на јавна пристојност“.

Иванов меѓу другото истакна дека младите секогаш ќе ја имаат неговата поддршка кон младата и отворена политичка мисла, што има за цел подобрување и промени клучни за демократската и политичка стабилност и развој на земјава. Претседателот нагласи дека очекува ваквите отворени средби да прераснат во тредиција и самите млади да преземат обврска да одржуваат меѓусебни средби.

{loadposition content9}