Skip to main content

Кинеските играчки повторно на удар

Донесени се нови, построги мерки за безбедност на детските играчки од страна на Европската Унија (ЕУ), со што може да му се нанесе голем удар на увозот од Кина.

 |   | 
igracki
играчки

made in chinaДонесени се нови, построги мерки за безбедност на детските играчки од страна на Европската Унија (ЕУ), со што може да му се нанесе голем удар на увозот од Кина.
Познато е дека оваа земја е најголемиот производител на детски играчки, од каде доаѓаат дури 80 отсто од сите играчки на европскиот пазар.
Новите правила особено се однесуваат на играчкит кои ги содржат хемиските соединенија-фталати, кои се користат за омекнување на пластиката. Фталатите, се смета дека се главниот виновник за хормонските проблеми кај децата.
Меѓу другото, правилата се однесуваат и на противпожарните материјали, кои се користат кај некои играчки, кои можат да го забават растот на децата и да предизвикаат трајно оштетување на нивниот ендокринолошки систем.

{loadposition content9}