A1 во стечај
Основниот суд Скопје 2 Скопје донесе решение да се отвори стечајна постапка за А1 телевизија.
Привремениот стечаен управник на А1 ТВ Ацо Петров во Основниот суд Скопје – 2 денеска предложи да се отвори стечајна постапка за телевизијата, бидејќи телевизијата има долг од околу 30 милиони евра од кои само 9,5 милиони евра кон УЈП, кој не е способна да го плати.“А1 телевизија е неликвидна и ги исполнува условите за отворање на стечајна постапка“, вели Петров.
Според него, на сметките на А1 ТВ има само 900.000 евра кои не се доволни да се наплатат долговите од околу 1.8 милијарди денари што ги има телевизијата. Во Законот за радиодифузна дејност член 62 стои дека доколку настапи стечај или ликвидација на имателот на дозволата, истата престанува да важи. Деновиве јавноста беше збунета од изјавите на Зоран Стефановски претседателот на ЗНМ и на еден од членовите на ова здружение, кои се дијаметрално спротивни. Претседателот изјави дека по одењето на А1 ПОД СТЕЧАЈ СОВЕТОТ ЌЕ РАЗГЛЕДУВА ДАЛИ ЌЕ И СЕ ОДЗЕМЕ ДОЗВОЛАТА, ДОДЕКА ЧЛЕНОТ РЕЧЕ ДЕКА НЕМА ШТО ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА И дека законот е дециден, со одењето на А1 под стечај телевизијата ја губи дозволата за емитување програма. Останува да видиме што ќе се случи на крај.