Дваесет дена затвор за Џејлен Роуз
Поранешниот НБА-играч, а сегашен аналитичар на телевизијата ЕСПН, Џејлен Роуз, е осуден на казна затвор во траење од 20 дена поради сообраќајна несреќа што ја предизвика возејќи под дејство на алкохол.
Роуз, кој беше дел од славната петорка „Феб Фајв“ на Универзитетот „Мичиген“ и одигра 13 сезони во НБА-лигата, првично беше осуден на 92 дена затвор, но судот во Детроит му ја намали казната на 20 дена затвор и една година условно. „Не сте тука затоа што сте пиеле. Немам ништо против тоа. Тука сте затоа што во алкохолизирана состојба сте седнале зад возило од два тона што сте го искористиле како оружје против останатите луѓе“, рекол судијата при образложувањето на казната.
Роуз ја признал вината за делото. Вели дека управувал со возилото откако испил шест мартинија. Присуството на алкохол кај Роуз било за 1,2 промили поголемо од дозволеното во сојузната држава Мичиген. Среќна околност е што во сообраќајната незгода никој не бил повреден. „Не можам никого да обвинам освен себе за загрозување на општеството“, рекол Роуз на судењето. Угледни луѓе испратиле писма до судот, поддржувајќи го Роуз. Меѓу нив бил и градоначалникот на Детроит, Дејв Бинг, кој исто така е поранешен НБА-играч. Роуз, кој е потекнува од Детроит, отвори училиште во својот град што го носи неговото име.