Skip to main content

ФЗОМ апелира невработените побргу да се пререгистрираат

Само осум отсто од невработените извршиле пререгистрација во Фондот за здравство за добивање на сини картони, иако рокот за тоа истекува на 1 септември.

 |   | 
sini kartoni
sini kartoni

Во денешното соопштение, Фондот апелира до невработените да се пререгистрираат во подрачните единици. Пререгистрацијата се врши со потпишување изјава за остварени приходи и презаверка на здравствените легитимации и со потполнување на барање за издавање електронска здравствена картичка.

– Иако ФЗОМ ги повика сите невработени два месеци пред стапувањето во сила на Законот за социјални придонеси и Законот за здравствено осигурување, а со цел обезбедување континиутет на здравствено осигурување кај невработените лица, мораме да констатираме дека одѕивот на невработените лице е многу слаб. Точно еден месец од започнувањето на пререгистрацијата само 20.073 лица, од вкупно 247.774 лица носители на здравствено осигурување, односно само 8,1 отсто извршиле пререгистрација – пишува во соопштението на Фондот.

Најмал процент на пререгистрација има во Тетово 2,2 отсто, Кавадарци 3, Струга 5, Прилеп 5,6, Кичево 5,8, Берово 6,4, Делчево 6,8, Крива Паланка 7,2 и Охрид 7,5, отсто.

Потребните документи за пререгистрација се на шалтерите на ФЗОМ и на веб страницата на фондот www.fzo.org.mk. За сите информации граѓаните може да се обратат во Фондот на инфо линијата 080033222 и мејлот info@fzo.org.mk.

{loadposition content9}