Џиновска “сирена” сред езеро
Со сигурност може да кажеме дека статуата на не толку “малата сирена”, поставена во езерото Алстер во Хамбург, ќе биде инсталација која ќе ги плени погледите на минувачите во следните неколку денови.
Имено, огромната структура во три делови ја направил уметникот и маркетинг менаџер Оливер Вос. Статуата е висока четири, а долга дури триесет метри.
Вос е директор на академијата за рекламирање во Мајами и тој изјави дека сака неговата скулптура да биде шокантна тема за разговор во Германија.
Изгледа дека Вос успеал да го оствари тоа што сакал, бидејќи сирената веднаш предизвикала многу контроверзии, а градоначалникот Маркус Шрејбер, за медиумот “Bild”, изјавил дека статуата го “расипува” изгледот на езерото.
Скулптурата е изградена од челик и стиропор, а се уште, никој не разбира зошто таа е претставена како сирена, бидејќи наместо нормалната рибја опашка, таа има човечки нозе свиткани кај колената кои ѕиркаат од водата.
{loadposition content9}