Skip to main content

Шалтерите на ФЗОМ со продолжено работно време

Шалтерите на фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) од денеска ќе работат со изменето работно време од 07.30 часот.

 |  Маја Савиќ  | 
fzom
fzom

Шалтерите на фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) од денеска ќе работат со изменето работно време од 07.30 часот.

Измената на работното време е со цел да им се овозможи на осигурениците  да ги избегнат жешките летни температури, како и поради побрзо и поефикасно извршување на обврските.

Од ФЗОМ очекуваат дека на овој начин ќе се спречи создавање на редици поради пререгистрацијата на невработените лица.

{loadposition content9}