Skip to main content

Љубовта е слепа – докажано!

Љубовните илузии се честа појава а настануваат како резултат на големи чувства, па поради тоа не можеме објективно да процениме колку нашиот партнер/ка е атрактивен и убав.

 |  Маја Савиќ  | 
alt

Љубовните илузии се честа појава а настануваат како резултат на големи чувства, па поради тоа не можеме објективно да процениме колку нашиот партнер/ка е атрактивен и убав. Според истражувањето на универзитетот Гронинген, во кое учевствувале 70 хетеросексуални парови на возраст од 18 до 37 години, луѓето својот партнер секогаш го гледаат како поубав од другите.

Испитаниците за време на истражувањето, на база на фотографии го оценувале физичкиот изглед на својот партнер и непознати личности. Нивниот партнер секогаш бил поубав од непознатите, иако поголемиот број испитаници признале како другите се навистина атрактивни.

Доброволците биле во врска во просек околу три години, а научниците од универзитетот сметаат дека перцепцијата за привлечност во голема мера зависи од чувствата кон некоја личност.

{loadposition content9}