Skip to main content

Нов лек кој ги убива сите вируси

Стручњаците во лабораторијата на Институтот Линколн во Кембриџ, во сојузната американска држава Масачусетс, направија лек ДРАКО, кој може да ги излечи сите типови на болести кои се предизвикани од вируси – од настинка, грип, па се до ебола и HIV.

 |  Маја Савиќ  | 
pills

Овој лек, според мислењата на стручњаците, би можел да стане најголемото медицинско откритие уште од појавата на антибиотиците. Благодарение на овој лек сите заболувања предизвикани од вирус можат да бидат излечени во само еден ден.

Лекот ДРАКО се врзува за инфицираните клетки правејќи ги самодеструктивни. Досега истражувачкиот тим на Институтот неговото дејство го тестирал против 15 вируси, вклучувајќи риновируси, предизвикувачи на настинки кај деца и возрасни, грип, стомачни вируси, како и вирусот на детска парализа. Според нивните зборови, ДРАКО се покажал делотворен и тоа поединечно на секој од овие вируси.

„Сеуште не сме пронашле вирус кој останал отпорен на овај лек“-истакнува др. Тод Рајдер, еден од научниците кој учествувал во создавањето на лекот.

Најавите се дека ДРАКО во аптеките би можел да се појави до крајот на оваа деценија.

{loadposition content9}