Струшките плажи се испразнија
Туристичките работници сметаат дека причина за тоа се рамазанските пости, кои годинава започнаа на 01 август. Но празен остана и џебот на ресторанџиите, бидејќи во рамазанскиот месец прометот им опаднал дури за 80%.
Празни плажи. Деновиве се забележува драстично намалена фрекфенција на посетители на струшките плажи. Полупразни се и угостителските објекти долж крајбрежјето во делот на Струга. Туристичките работници велат дека влијанието на рамазанските пости е очигледно. Поради тоа и бројот на туристите е преполовен. Шефи Речи концесионер на машка плажа во Струга, вели дека прометот е паднат дури за 80% во споредба со минатиот месец. Тој додава дека туризмот во Струга го прават гостите од Гостивар, Тетово и Кичево.
Садик Ала, исто така концесионер на една од струшките плажи, вели дека многу пари вложил за да го уреди комплексот со кој стопанисува. Тој додава дека ќе чекаат подобри времиња за да може да го види бенефитот од тоа што досега инвестирал. И Ала се согласува дека месецот на Рамазан кој годинава се падна во август, е причина за празните струшки плажи.
Но, ги има и оние кои сметаат дека сезонава е динамична и задоволни се од досега сработеното. Агим Пошка угостител од Струга е голем оптимист, вели дека Струга во секое време нуди можност за привлекување на гости.
Сезоната сеуште не е завршена. Доколку топлото време се задржи и во месец септември, сезоната ќе продолжи. Само така струшките угостители на крајбрежјето можат да ги амортизираат финансиските загуби кои ги претрпеа ова лето.
{loadposition content9}