Мерко пак претседател на Светот за развој на 13 општини
Продолжен манадатот на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко. Тој и наредниве две години останува претседател на Советот за развој на Југозападен плански регион. Мерко рече дека тоа е резултат на добрата работа и покажани резултати за минатите две години. Додава дека годинава во раце ги држи средствата одобрени од Владата, за уште најмалку 6 проекти кои се од голема важност за развој на регионот и примена на Законот за рамноправен регионален развој. 100 000 илјади евра веќе се обезбедени за селектирање на отпад и набавка на садови за сите 13 општини, вели Мерко. Тој се пофали дека во тек е набавка на 4 детектори за откривање на дефект во водоводно инсталациониот систем, кои детектори ќе ги користат Јавните претпријатија на општините Охрид, Струга, Кичево и Дебар.
Како главен проект за надминување на проблемите кои се јавуваат во руралните средини е изработка на технички проект за фекална канализација за општините Вевчани, Велешта, Подгорци, Октиси и Долна Белица. Мерко рече дека за овој проект отворен е тендер и очекуваат да го добијат, за што после тоа треба да конкурираат и за средства за реализација на истиот. Додава дека овој проект е еден од најприоритетните.
Шест проекти за 13 општини на Југозападниот плански регион веќе се одобрени од Владата, а се во износ од некаде околу 250 000 евра. Мерко вели дека како претседатл на Советот за развој на Југозападниот плански регион ќе се залага да издејствува и повеќе проекти. Како што е познато советот е тело за усогласување и спроведување на политиките за развој и е посветен на јакнење на меѓуопштинската и прекуграничната соработка, како и на координација на главните субјекти во рамките на општините, кои работат на регионалниот развој.
{loadposition content9}