Skip to main content

Дали би гладувале ако ви кажат дека така ќе живеете подолго?

Наутро едно јаболко, на пладне салата, а навечер еден грст ореви или житарки. Вака изгледа модернaта филозофија на исхрана според која услов за долговечноста е доживотното гладување.

 |   | 
brokula
брокула

Наутро едно јаболко, на пладне салата, а навечер еден грст ореви или житарки. Вака изгледа модернaта филозофија на исхрана според која услов за долговечноста е доживотното гладување.
Доколку секојдневно ги намалувате калориите и оброците, сопствениот живот можете да го продолжите помеѓу 10 и 20 години.

hrana

Следбениците на овој стил на исхрана не се анорексичари, но гладуваат поради здравјето. Тие самодисциплинирано сакаат да го натераат организмот да издржи многу подолго од оној во кој се внесуваат енормни количини храна. Некои дневно земаат 1.200 калории, па стручњаците ги предупредуваат на опасност од порозност на коските и репродуктивни проблеми.
Дали е во прашање нов бизарен тренд? Научниците своите тврдења ги темелат на експерименти на животни, а во еден случај и на луѓе. Тие заблележале знаци на забавување на стареењето кај оние животни кои биле на нискокалорична диета, а со самото намалување на дополнителни калории растел процентот на продолжување на животниот век.
Луѓето би можеле да живеат до 120 години, дури и повеќе, кога би ја одржувале својата тежина од 10-25 отсто под нормалната. Благото изгладнување го поттикнува одговорот на телото на стрес кој ги спасува клетките од изумирање, тврдат одредени експерти.

{loadposition content9}