Темната чоколада ги блокира штетните УВ зраци
Само три коцки темна чоколада на ден можат да ви овозможат поефикасна заштита од штетните сончеви УВ зраци, сметаат канадските научници.
| | Сцена & Муабети
sonce
За темната чоколада веќе е познато дека е добра за крвниот притисок, за расположението и дека не ослободува од стресот, а сега е утврдено дека моќните антиоксиданти полифеноли, кои се содржат во оваа чоколада, можат да бидат и еден од најделотворните штитови против УВ зраците.
Станува збор за тоа дека полифенолите од темната чоколада, каде е присутно и какаото од 60-85 отсто, ја подобруваат микроциркулацијата на кожата, со што може да се подобри нејзнината структура.
Сепак, треба да бидете внимателни, затоа што темната чоколада не може да ги замени кремите за заштита од сонце, туку може да користи како дополнително средство во борбата против штетните сончеви зраци.
{loadposition content9}