Чудо од џуџе
Универзалното име cherry tomato, се должи на што ако не на неговата големина колку цреша. Природата ни го дала во црвено и жолто издание. Жолтите се поблаги поради поголемото количество шеќер. Меѓутоа, очигледно големината и не е толку битна, бидејќи овие џуџести плодови се што било здраво го насобрале во нив.
Овие малечки плодови го содржат досега најмоќниот откриен природен антиоксиданс – ликопен.
На овој антиоксиданс му се препишуваат антиканцерогени својства и докажано функционира како инхибитор на болестите на срцето, предизвикува позитивни метаболички ефекти, ја подобрува способноста на кожата да се заштити од штетните УВ зраци и е силна заштита против невродегенеративните болести.
Паметните луѓе тежнеат кон мени богато со домати
Консумирањето домати го намалува ризикот од појава на рак на дојка, колоректален рак – рак на дебело црево, простата, ендометриоза – болест на матката, бели дробови и панкреас. Овие ефекти се должат на низата хранливи материи кои ги содржат, а не само споменатиот антиоксиданс.
Сокот, природниот сос (а не кечап) и пирето од домат се верува дека помагаат при ублажување на одредени симптоми кај уринарниот тракт. Исхраната богата со домати влијае и врз намалување на лошиот холестерол во крвта и се препорачува кај лица кои боледуваат од агресивен карцином кој се шири во другите делови од телото.
Мажите кои јаделе редовно по повеќе порции домати, во просек кај нив ризикот од појава рак на простата се намалил за 35%.
{loadposition content9}