Skip to main content

ПЕТА ги сели своите веб страници во порно домејни

Сексот добро се продава, а кога е во прашање интернетот, порнографијата и понатаму останува една од најпродаваните содржини…

 |   | 
peta ads
peta ads
Сексот добро се продава, а кога е во прашање интернетот, порнографијата и понатаму останува една од најпродаваните содржини…

peta ads

Имајќи го тоа на ум, групата ПЕТА (People for the Ethical Treatment of Animals) одлучиле да направат “порно” страница, за да привлече внимание на што е можно повеќе луѓе.

За таа цел, ќе ги регистрираат своите постоечки веб сајтови на .xxx, кои се резервирани за страници со порно содржина, па нивната нова адреса всушност ќе биде www.peta.xxx.

Портпаролот на ПЕТА, Ешли Брн, меѓутоа истакнал дека содржината на страницата нема да биде порнографска, туку вознемирувачка, бидејќи ќе покажува на кои начини луѓето ги злоупотребуваат животните.

“Нашите активности понекогаш не се ништо повеќе од начин да се принудат луѓето да обрнат внимание на страдањата и правата на животните”, вели Брн.

{loadposition content9}