Анџелина Џоли сака да биде Цеца
Глумицата наводно воочила дека Цеца е најпопуларна пејачка на Балканот и би сакала да ја глуми пејачката, а воедно да режира филм за нејзиниот живот.
Анџелина Џоли на филмското платно сака да го постави животот на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
“Анџелина додека го режирала филмот кој зборува за нашите простори, се интересираше за Балканот. Таа воочи дека Цеца е најпопуларна пејачка, не само во Србија туку во сите поранешни југословенски земји.”, изјавил извор кој тврди дека неколку пати разговарал со глумицата.
Додал и дека глумицата во текот на престојот во Сараево ги слушнала песните на Цеца, а откако ги видела нејзините фотографии и спотовите на Јутуб, воочила дека таа и Цеца имаат сличности бидејќи и двете се темнокоси, со бујни гради, витка линија и полни усни. Во филмот за животот на Цеца, Анџелина би ја глумела пејачката, а воедно би го режирала филмот.
{loadposition content9}