Последната женска на планетава
Во светот се раѓаат сè помалку женски деца а доколку ваквиот тренд продолжи, за 500-600 години нема да остане ниеден Босанец на планетава.
Една од причините за падот на стапката на полодност е фактот што многу жени во побогатите делови од Азија се на т.н. “брачен штрајк”, односно попрво би останале сами, отколку да се подложат на маките на брачната заедница.
Но, тие не се единствените кои размислуваат така, пишува Економист. Имено, Обединетите Нации предупредуваат дека во 83 земји и територии низ светот жените нема да имаат доволно ќерки за да бидат заменети.
Водејќи се според моменталната стапка на плодност во Хонгконг, 1.000 жени ќе родат само 547 ќерки. Доколку ништо не се промени, тие 547 ќерки ќе бидат наследени од само 299 женски деца, итн. Тоа значи дека за околу 25 генерации, женската популација во Хонгконг ќе се намали од 3,75 милиони на само 1 жена.
Ако се има предвид дека просечната возраст на тамошните родилки е 31,4 години, раѓањето на последната жена може да се очекува во 2798-та година. Тоа е нешто подоцна од соседниот Макао, кој има повисока стапка на репродукција, но многу помала популација.
Според истата непоколеблива логика, Јапонија, Германија, Русија, Италија и Шпанија нема да го дочекаат следниот милениум. Дури и на жителите на Кина им преостануваат околу 1.500 години.
Доколку ваквата ситуација не се промени, прва нација со најголеми шанси за исчезнување е Босна и Херцеговина, и тоа за само 500-600 години. Најдолго ќе останат Бразилците, кои имаат доволно женска популација да ги одржи на планетава нешто пред почетокот на 5000-та година.
{loadposition content9}