Skip to main content

Нешто како Ѓомлезијада…ама на екстази

Погледнете ги преку слики некои од најлудите фестивали со храна во светот…

 |   | 
najludi festivali so hrana
најлуди фестивали со храна

Погледнете ги преку слики некои од најлудите фестивали со храна во светот…

najludi festivali so hrana

najludi festivali so hrana

Ла Томатина

Фестивалот Ла Томатина во Шпанија започнува како резултат на тепачката на членови на градскиот сојуз и незадоволни граѓани. Сето тоа прераснува во најголема борба со храна во светот. Секоја година кон крајот на месец август, настанот привлекува околу 45.000 лица, кои се маваат со презреани дoмати во вредност од 207.000 евра. Како мета се зема се што се движи и е сигурно дека нема шанси да излезете чисти од таму.

Сепак има и неколку правила кои учесниците треба да ги почитуваат. Учесниците треба да носaт маски, бидејки  може да имаат проблеми со очите, и пред да мааваат некој треба да ги пресечат доматите за да не предизвикат болки на другите учесници.

najludi festivali so hrana

najludi festivali so hrana

Тунарама

Друг интересен фестивал е Тунарама, се одржува во Порт Линколн, Австралија. Настанот има 50 годишна историја и е популарна по тоа што конкурентите се натпреваруваат во фрлање туна од 20 килограми. Во  2008 година е поставен последниот рекорд.

najludi festivali so hrana

BugFest

Необичното на BugFest се не само занимациите туку и самата храна. Посетителите на оранизацијата од музејот на природните науки во Роли се обидуваат да јадат инсекти. Јадењата ги подготвуваат готвачи и се толку егзотични, и не секој е подготвен да проба десерт декориран со инсекти.
najludi festivali so hrana
najludi festivali so hrana

Chinchila Melon Festival

На секои две години во февруари, во Австралија Chinchila Melon Festival привлекува голем број на туристи. На овој фестивал храната не се јаде, туку се користи за различни спортови како: фрлање лубеница, скиење на лубеници и други спортови.

{loadposition content9}