Боите во домот
Различните нијанси во домот во голема мера влијаат на атмосферата, бидејќи тие може да го подобрат расположението или да разбудат меланхолија. Затоа внимавајте кога ги избирате боите за Вашите ѕидови, завеси, тапети, мебел…
* Црвените тонови ја поттикнуваат енергијата, меѓутоа и агресивноста, затоа не е добро да доминираат во домот. Во помала мера, имаат позитивно влијание во дневната соба и во работната, а никако не се препорачуваат во кујната затоа што го будат апетитот и во спалната соба затоа што предизвикуваат несоница.
* Жолтата боја има ефект на сонце во домот, позитивно влијае на расположението и ја буди енергијата. Светлите тонови се препорачуваат за сите простории, додека темните нијанси на жолтата боја знаат да бидат “тешки”, а посебно би требало да се избегнуваат во работни простории, затоа што успиваат и деконцентрираат.
* Зелената е ладна боја и е во потполна спротивност со црвената. Допринесува за хармонична атмосфера, опушта и го намалува стресот. Најпозитивно делува во дневната соба, трпезаријата, работната и детската соба. Маслинесто зелената боја пак буди меланхолија и мачнина.
* Сината боја има смирувачки ефект, бидејќи носи освежувачка енергија на море и небо. Светлите и темните нијанси на сината боја стимулативно делува на мозокот и ја намалува несоницата, па се идеални за спалната соба.
* Виолетовата секогаш допринесува за добра атмосфера, доста е ефикасна за во дневната соба, но би требло да ја избегнувате во спалната соба, детската и работната соба, кујната и бањата, затоа што може да предизвика вознемиреност.
* Портокаловата е слична како и виолетовата, одлична е за во дневната соба бидејќи ја поттикнува енергијата, но има негативен ефект во спалната соба, детската и кујната.
{loadposition content9}