Skip to main content

Пронајден камен-желка кај кампот Љубаништа

Откриена интересна карпа во форма на желка на Охридското крајбрежје. Ова откритие се наоѓа на приближно еден километар од летниот камп Љубаништа. Каменот-желка е природна формација која лесно го привлекува вниманието.

 |  Мишел Наумоски  | 
zelka od kamen
желка од камен

Интересно откритие на само еден километар воден пат од летниот камп Љубаништа. На самото крајбрежје низ густата вегетација срамежливо ѕирка карпа во форма на желка. Живописната карпа е природна формација и многу брзо ви го привлекува вниманието. Се чини и природата застанува на наша страна во обид да се привлечат што повеќе туристи. Па кога тешко успеваме да ги привлечеме туристите на други начини, зошто да не се обидеме и вака? Карпата се наоѓа покрај фреквентните води на Охридското езеро кои често ги минуваат бродовите кои носат туристи до туристичките населби. Лесно е достапна па доколку бродарите имаат волја, би можеле да застанат во близина на карпата како туристите полесно би ја виделе оваа нова природна атракција. Којзнае, можеби веќе од утре локалното население ќе измисли некоја интересна приказна која ќе се прераскажува, па како чудовиштето од Лох Нес секоја година ќе ги носи туристите во Охрид.

zelka

Zelka

{loadposition content9}