Skip to main content

Хациенди со базени, странци ќе градат на локации кај Горица и Пештани

Наскоро во Охрид се очекува странци да градат луксузни куќи во две елитни населби, во Горица и пред Пештани.

 |  Валентина Нелоска  | 
Cekostina
Cekostina
Наскоро во Охрид се очекува странци да градат луксузни куќи во две елитни населби, во Горица и пред Пештани.

За градење на хациенди со базени покрај  охридското крајбрежие голем интерес пројавиле богати Израелци, вели охридскиот градоначалник. Со новите измени во  Законот  за градежно земјиште се очекува странците да го зголемат ивестирањето во недвижнини во нашиот град додава тој.
Нашите граѓани, пак 120 типизирани  станови за домување ќе може да градат  во населбата  

RacaЧекоштина,  по скорешното  усвојување на деталниот урбанистички план. Со градбата во овој дел  ќе се среди влезот во градот на Унеско, кој во моментов го нагрдува  краварникот и стрелиштето, потенцира Петрески.    

Владата веќе има формирано Комитет за градежна експанзија, па се очекува овие инвестиции да донесат профит за градот, граѓаните и државата. Населбите ќе ги градат наши градежни фирми со што ќе се отворат и нови работни места.