Ја уапсија Дерил Хана пред Белата куќа
Популарната актерка Дерил Хана која се прослави со улогите во филмовите “Сплеш“ и “Волстрит“, била уапсена меѓу неколку десетици демонстранти кои протестирале пред Белата куќа.
Протестот бил одржан поради одлуката на американскиот претседател Барак Обама компанијата “ТрансКанада“ да изгради 2700 км долг гасовод. Протестантите сметале дека овој проект ќе и наруши на животната средина.
“Сопрете ја изградбата на гасоводот “Кејстон“. Кажете му не на гасоводот“, викала Хана заедно со другите протестанти, додека специјалците и ставале лисици на раце.
Стејт департментот донел одлука дека гасоводот нема да и наштети на животната средина, но протестантите на чело со Хана не сметале така, па се одлучиле да се борат против таа одлука.
{loadposition content9}