Нема продолжување на рокот за дивоградбите
За три дена завршува законскиот рок за поднесување на барање за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти, односно за нивна легализација, а министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски уште еднаш информира дека продолжување на рокот нема да има. – Ова е последната можност граѓаните кои се засегнати со ова прашање да може еднаш засекогаш да го решат и да почнат постапка за стекнување на сопственост на својот објект. Продолжување на рокот нема да има, изјави Јанакиевски.
Според инфирмациите од општините, до сега се поднесени вкупно 219.331 барање, а издадени се решенија за легализација на 6.118 пподносители на барања. Министерот Јанакиевски уште еднаш апелираше до сите оние кои немаат поднесено барање да го сторат тоа заклучно со крајниот рок.
– Доколку некој се двоуми дали куќата му е бесправно изградена или не, нека поднесе барање, затоа што по истекот на овој Закон за постапување со бесправните градби ќе се применуваат одредбите од Законот за градење, според кој овие објекти треба да бидат урнати, рече министерот.
Јанакиевски уште еднаш апелираше и до градночалниците на општините да работат со целосни капацитети, а во сабота на трети септември, кога истекува рокот, да работат до 24 часот, како што ќе работи и Министерството за транспорт и врски, со цел сите заинтересирани на време да поднесат барања.
{loadposition content9}