Адел не планира да слабее
Додека многу млади пејачи се опседнати со тенката линија, Адел се издвојува како ѕвезда која воопшто не се извинува за својата полна фигура и таа тврди дека е задоволна со нејзиниот изглед, а неконвенционалната форма на телото никогаш не претставувала проблем за неа.
Зборувајќи за интервјуто на “Vogue”, 23-годишната пејачка изјави дека ужива во својата кожа, а портфолиото на прекрасните фотографии кои беа објавени во списанието го докажува тоа.
“Познавам луѓе кои се опседнати со нивната линија, изгледот и сите останати површни аспекти поврзани со убавината, но таквата опсесија, на крајот сите ги уништува”, изјавила Адел.
Изгледа дека творците на едиторијалот во VOGUE не го делат нејзиното мислење па малку ја подолеснале со помош на фотошоп.
{loadposition content9}