„Развод“ според сезоната на вашето раѓање
Според спроведеното истражување на 20.000 семејства, научниците стигнале до следните резултати: браковите помеѓу две лица родени во текот на зимата се најнеуспешни (на 5.000 бракови има 4.450 разводи, односно 89 проценти).
Најуспешни се браковите на оние што се родени во текот на летото (на 5.000 бракови – 1.500 разводи или 30 проценти). За успешни се сметаат и браковите меѓу „летните“ и „пролетните“, но и помеѓу „пролетните“ и „есенските“ луѓе.
„Зимските“ имаат силна волја и необично се издржливи. Да се живее со нив не е лесно, тие „си држат до своето“.
„Пролетните“ се многу навредливи, нерешителни, каприциозни, со недостаток на самодоверба, но се надарени со талент.
„Летните“ луѓе брзо го забораваат лошото.
„Есенските“ луѓе се штедливи и обмислуваат сè. Честопати се големи дипломати и со јасен ум.
{loadposition content9}