Skip to main content

Суперхрана која треба да ја јадете на есен

Намалете го внесот на слатки, а консумирајте повеќе компоти од овошје. Крушките, јаболките и дињите се овошје со мирис на есента.

 |   | 
ishrana
ishrana

zitarkiВо текот на есента важно е да се консумира повеќе коренест зеленчук бидејќи тоа го грее абдоменот, го подобрува варењето на храната, а на тој начин и го јакне имунолошкиот систем. Затоа секојдневно јадете морков, корен од магдонос, пашканат…


Житариците, исто така, треба да имаат важно место во вашата есенска исхрана, а најдобро е да се консумира интегрален кафен ориз. Оризот може да се приготвува на многу начини: варен, пржен, печен, а многу е вкусен и во вид на каша.

Во есен фаворити во исхраната се варивата од зеленчук, кои може да ги зачините со природни билки, на пример со џумбир кој ја поттикнува циркулацијата, го подобрува варењето на храната и ги прочистува дишните патишта.

tea

Ако имате вироза најдобро е да пиете лимонада засладена со јачменов мед, бидејќи тој го олеснува искашлувањето. Секако дека се корисни и природните сокови од овошје и зеленчук. Тие се вистинска ризница на витамини и минерали кои ја јакнат одбрамбената отпорност на организмот.

Во есен треба да се пијат повеќе топли напитоци. Есента е идеално време за чаевите.

Намалете го внесот на слатки, а консумирајте повеќе компоти од овошје. Крушките, јаболките и дињите се овошје со мирис на есента.

Просторот во кој живеете ќе го дезинфицирајте така што во шприц со вода ќе ставите неколку капки етерично масло од чаевец, а потоа ќе го распрснете го по целиот простор. На овој начин по природен пат ќе се заштитите од вирусите и бактериите и нема да ја загадите животната средина.

tikvaТиква

Тиквата е преполна со каротеноиди, кои помагаат во борба против штетните и слободни радикали. Покрај тоа, богата е со железо, цинк и растителни влакна.



jabolkaЈаболка

Апсолутна класика кога станува збор за здрава исхрана. Јаболката содржи витамин Ц кој е неопходен за здрави коски и зајакнување на имунитетот во текот на студеното време. Влакната на ова овошје помага во одржувањето на здраво варење, а јаболката е полна и со антиоксиданси.

oreviПечен орев

Печениот орев е полн со масти кои се добри за нашето срце, а исто така се и многу хранливи. Совршени се како ужина во текот на утрото или попладне.

Брусница

Овие мали плодови се фантастичен извор на антоцијани , антиоксиданси кои помагаат за здраво срце. Антоцијаните се наоѓаат во црвеното вино и во чајот.

smokvaСмоква

Смоквата содржи многу влакна, кои ги влече токсините од нашето тело. Полни се со калиум кои докажано помага во контролирање на високиот крвен притисок.



{loadposition content9}