Објаснета мистеријата на клиничката смрт
Искуството на таканаречената клиничка смрт, во текот на која лицето има чувство дека душата го напушта телото, или дека се приближува кон силна бела светлина, е присутна уште од многу одамна во многу култури. Невролозите од Универзитетот „Кембриџ“ сметаат дека оваа појава може лесно научно да се објасни.
Според нивните зборови, искуството на напуштање на телото е честа појава и непосредно пред будењето или спиењето. Чувството на парализирање на екстремитетите и истовремената свесност за надворешниот свет е забележано кај 40 отсто луѓе, а е поврзан со живописни сонови и халуцинации кои можат да доведат до лебдење над сопственото тело.
Визијата за тунелот на чиј крај се наоѓа заслепувачка светлина, може да се објасни со отежнатиот проток на крвта и дотокот на недоволна количина кислород до очите. Во таква ситуација, невроните во центарот за вид, кои инаку го обработуваат периферниот дел на видното поле, почнуваат да изумираат.
За многу честото искуство „поминување на целиот живот пред очите“, невролозите виновникот го наоѓаат во регијата во средниот мозок која го ослободува хормонот на стресот. Тоа место е цврсто поврзано со региите во мозокот кои влијаат на емоциите и меморијата, како што е хипоталамусот.
{loadposition content9}