Skip to main content

Јави се јужна…Јужна си ги лакира ноктите

Турските фудбалски клубови чии навивачи ќе прават хаос на натпреварите, ќе бидат казнети со играње натпревар исклучиво пред ….

 |   | 
zeni
zeni

Турските фудбалски клубови чии навивачи ќе прават хаос на натпреварите, ќе бидат казнети со играње натпревар исклучиво пред жени и деца.
zeni
Тоа значи дека досегашниот принцип на казнување со играње натпревар пред празни трибини, ќе биде заменет со забрана за присуство на машки навивачи постари од 12 години. Според новото правило на Турската фудбалска асоцијација, пред да бидат пуштени на влезот, децата ќе мора да се легитимираат.

“По оваа одлука, која е прва во светот на фудбалот, нема да има штама и невозбодуливи натпревари одиграни без публика. Промената ќе ги натера клубовите да ја сфатат убавината и вредноста на фудбалот”, изјавиле од асоцијацијата.

Натпреварот помеѓу Фенербахче и Манисаспор ќе биде првиот на кој ќе се испроба новото правило. Тимот на Фенербахче беше санкциониран, откако недоличното однесување на фановите го прекина пријателскиот меч против украинскиот шампион Шахтар Доњецк во јули годинава.

{loadposition content9}